Аквалукс е компанија која постои од 2014 година но, која за кратко време ја стекна довербата на оние кои го сакаат луксузот во нивната бања. Во рекордно време, со поставени високи цели, станавме брзорастечки македонски бренд кој продава квалитет и уникатност а сепак е достапен до сите.
Главно занимање на компанијата е производство на туш кабини, паравани и хидромасажни кади и продажба на кади, туш кади, санитарија, акцесоари и сѐ останато за бањата.
Денес Аквалукс претставува една од водечките компании која успеа да се издвои од сите останати по квалитет но и по широката понуда за задоволување на потрошувачките потреби.
Во производствените погони сместени на повеќе од 1500m2 и продажниот салон од околу 200m2, нудиме решение адаптирано според димензиите на секоја бања.
Изработуваме туш кабини и паравани по мерка од проѕирно и мат калено стакло со различни дебелини, повеќе типови на модели и избор на механизми со шарки, фиксни стакла или шибер врати.
Изработуваме хидромасажни кади со можност самите да ги изберете моделот и опремата. Модерниот дизајн, високиот квалитет и уникатните идеи на нашите производи ни овозможува секогаш да бидеме во тек со најновите трендови на македонкиот пазар и да им понудиме на купувачите квалитетен и функционален производ.
Аквалук го базира својот успех и просперитет на константно следење и развивање на новитетите кои се појавуваат на светски пазари од најпознатите брендови.
Успешниот тим развива и реализира свои идеи во иновации. Инвестира во своето секојдневно подобрување и зголемување на капацитетите за производство и набавка на најсовремена санитарија за бања.